Попладневните три натпревари во Лига 1, Франција не донесоа пресметки на звучни екипи, но ќе поминат обележани со исклучувањата, ги имаше дури седум.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Најжестоко беше на натпреварот помеѓу Монпелје и Оксер кој заврши со 1:2 и на овој натпревар видовме дури четири исклучувања, по две на двете страни. Фајад и Савениер беа исклучени кај Монплеје, а Нианг и Да Коста кај гостите.




Клермон дома беше подобар од Ница од 1:0. Гостите на овој натпревар останаа без два играчи помалку и тоа во последните десетина минути. Прво Лемина беше ислучен во 80. минута, а само две минути подоцна во соблекувалната му се придружи и Тодибо.




На натпреварот помеѓу Анжер и Брест (1:3) видовме едно исклучувања и тоа Шабановиќ после половина час игра.



