Дома Фудбал Англија Лудо, но можно сценарио – Арсенал како шести во Лигата на шампионите, Тотенхем како четврти во ЛЕ!

Лудо, но можно сценарио – Арсенал како шести во Лигата на шампионите, Тотенхем како четврти во ЛЕ!

Сценариото е навистина лудо, но не можеме да кажаме дека е невозможно.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Замислете вакво сценарио – Тотенхем четврти во Премиер лигата, Англичаните имаат пет претставници во Лигата, а помеѓу нив не се Спарсите!?

Условите се луди, но не се невозможни.

Имено, Англичаните како и Шпанците, Италијанците и Германциите имаат право на најмногу пет учесници во Лигата на шампионите – четири преку првенството и еден како евентуален шампион на Лигата на Европа или Лигата на шампионите.

Меѓутоа доколку англиските тимови ја освојат и Лигата на шампионите и Лигата на Европа, тогаш имаат предност во однос на четвртопласираната екипа од Премиер лигата.

Како треба да изгледа можното сценарио?

– Арсенал ја освојува Лигата на Европа, Челзи ја освојува Лигата на шампионите и не е помеѓу најдобрите четири во Премиер лигата, Тотенхем е аут и мора во Лигата на Европа.

– Арсенал ја освојува Лигата на Европа, Ливерпул триумфира во Лигата на шампионите, а не е помеѓу четирите најдобри, Тотенхем е аут и мора во Лигата на Европа.

Во двата случаи во Лигата на шампионите наредната сезона би играле Манчестер Сити, Манчестер Јунајтед, Челзи, Ливерпул (едните како шампиони во ЛШ, другите како третопласирани) и Арсенал како шампион во Лигата на Европа.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Снимка од брутална тепачка меѓу англиски фудбалери ја шокира планетата (Видео)

На социјалните мрежи се појави видео од инцидентот во кампот на младите селекции на Англиј…