Дома Фудбал Светско првенство во фудбал Лоши вести од Бундеслигата: Уште една ѕвезда го пропушта СП!?

Лоши вести од Бундеслигата: Уште една ѕвезда го пропушта СП!?

Одличниот напаѓач на Борусија Дортмунд Мичу Батчуаи е потешко повреден во вчерашното дерби против Шалке.

Во завршницата на натпреварот во кој Шалке водеше и на крајот славеше со 2:0, Батчуаи тргна кон голот на домашниот тим, но после контакт со еден дефанзивец на Шалке заработи повреда и на носилки беше изнесен од теренот.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Се виде и по изразот на лицето на Батчуаи дека неговата повреда е сериозна, а степенот на тежината сеуште не е познат.

„Има големи болки и би можел долго да отсуствува. Сепак се надевам дека не е толку лошо.“ – изјави тренерот на Милионерите.

Белгијанците се во страв дека Батчуаи ќе го пропушти Светското првенство во Русија. Иако не е прва опција на селекторот Роберто Мартинез, ќе биде вистинска штета доколку не се појави на Мундијалот.

 

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Светско првенство во фудбал

Проверете

Пред две години играше во втора лига, а вчера беше херој на својот тим во полуфинале од ЛШ

Борусија Дортмунд вчера го победи Пари Сен Жермен во првиот натпревар од двомечот во полуф…