Дома Фудбал Италија Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Лоши вести за Интер, Лукаку се повреди пред дербито со Милан

Ѕвездата на Интер, Ромелу Лукаку се повреди и нема да биде на располагање за дербито со Милан, пренесува „Газета дело Спорт“.

Голгетерот кој летово се врати од Челзи, се здобил со мускулна повреда, па утре ќе оди на дополнителни прегледи за да се знае колку долго ќе отсуствува од терените.

Со сигурност Лукаку ќе ги пропушти дуелите со Кремонезе во вторник и дербито со Милан во сабота.

Во Интер се надеваат дека Лукаку ќе може да се опорави за мечот со Баерн Минхен во Лигата на шампиони, кој се игра на 7 септември на „Сан Сиро“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Лапорта ја откри вистинската трансфер „бомба“: Се обидовме се, лично му се јавив

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, откри дека неговиот тим минатото лето се обидел …