Дома Видео Лоша глума на Инфантино при доделувањето на наградата за Левандовски

Лоша глума на Инфантино при доделувањето на наградата за Левандовски

Церемонијата на ФИФА за најдобар играч на светот во 2020. година вечерва е одржана во Цирих.

Поради пандемијата со коронавирусот одлуќено е церемонијата да се одржи онлајн, а од ФИФА одлучија да го изненадат победникот и во живо да му ја врачат наградата.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Па така, во Минхен вечерва отпатува претседателот на ФИФА, Инфантино кој се јави во живо, односно го снимаше изненадувањето за Роберт Левандовски кога му ја додели наградата.

Меѓутоа, беше јасно дека напаѓачот на Баерн знаел дека е победник, односно ова беше само лоша глума на Инфантино и останатите кои беа во просторијата. На снимката се гледа дека Инфантино бил цело време таму и Левандовски веќе знаел дека е победник.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Видео

Проверете

Флоријан Вирц играч на сезоната во Бундеслигата

Ѕвездата на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, е прогласен за најдобар играч во Бундес-лигата…