Дома Топ вести Лотито попуштил: Сергеј Милинковиќ Савиќ има нова цена – „трката“ може да започне!

Лотито попуштил: Сергеј Милинковиќ Савиќ има нова цена – „трката“ може да започне!

sergej

Сопственикот на Лацио, Клаудио Лотито не попушташе, но изгледа на неговата тврдоглавост дојде крајот!

Сергеј Милинковиќ Савиќ се поврзува со заминување од Лацио од моментот кога стартуваше преодниот рок, но со своите преголеми барања, Лотито ги „избрка“ заинтесираните клубови.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Денес, Савиќ не се појави на прегледите во Рим, агентот Кежман тврдеше дека фудбалерот го испуштил авионот и дека не е во прашање ништо повеќе, но многумина се сомневаат во вистинитоста на неговите зборови.

После ваквата ситуација, во медиумите во Италија се појави и нова вест поврзана со Сергеј.

Имено, Лотито сега ќе се согласи да го продаде Савиќ за сума помеѓу 100 и 110 милиони евра со бонуси, што би можело да доведе до ситуација да ги врати претходно заинтересираните клубови Челзи, ПСЖ и Реал Мадрид. Јувентус исто така го сакаше, но прашање е колку „старата дама“ спремна да издвои уште една „стотка“ после трансферот на Роналдо. Покрај тоа на големи се тврди дека Пјаниќ ќе добие нов договор, па не е јасно колку им е потребен Сергеј.

Сепак, доколку ваквите најави се вистина големата трка за Србинот што туку започнува, а кој ќе успее да го доведе останува да видиме до крајот на преодниот рок.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Топ вести

Проверете

Салфетка со потписот на Меси за Барселона продадена за скоро милион евра📷

Oткако неодамна беше објавено дека на аукција е ставена салфетката на која Лионел Меси пот…