Дома Фудбал Англија Ловрен не ја сака само титулата: Ако тоа го направи Арсенал, зошто да не можеме и ние?

Ловрен не ја сака само титулата: Ако тоа го направи Арсенал, зошто да не можеме и ние?

lovren

Ливерпул со победата на Манчестер (3:1) во најголемото англиско дерби се врати на првата позиција во Премиер лигата.

Пред Божиќ навивачите на „црвените“ имаат само една желба – нивниот клуб конечно да ја освои титулата во Премиер лигата после 1990 година.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Неверојатно е што еден од најголемите клубови во светот веќе 28 години чека на титулата во државното првенство. Оваа сезона изгледаат дека се блиску, тимот на Клоп засега изгледа одлично.

Сепак, немаат право на грешки бидејќи Манчестер Сити покажа дека сака да стигне до одбрана на титулата.

Сити засега има само еден бод помалку од Ливерпул кој како што споменавме е лидер на табелата.

Дејан Ловрен, хрватскиот стопер од редовите на Ливерпул не сонува само за титулата, туку и за уште еден подвиг на неговиот клуб, а тоа е да остане непоразен цела сезона.

„Арсенал веќе тоа го направи, зошто не би го направиле и ние? Со победата над Манчестер Јунајтед и нашата игра во тоа дерби покажавме колку сме силни. Сега имаме нов предизвик и желба – да ја завршиме сезоната без пораз. Секако дека тоа нема да биде лесно, но сакаме затоа и дојдовме во Ливерпул. Знаеме дека можеме тоа да го постигнеме“, изјави Ловрен.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…