Зинедин Зидан во понеделник би требало да ја соопшти одлуката дали наредната сезона ќе биде тренер на Реал Мадрид.
Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст
Во медиумите некое време се пишува за можно заминување на Зидан, но до сега нема потврда од некоја од двете страни. Може да се прочита и за имињата кои би можеле да го наследат, најмнгу се споменува Масимилијано Алегри.
Поради кризата која ја создаде коронавирусот финансиската ситуација во Реал како и во многу други клубови не е баш најдобра. Сепак, тоа веројатно нема да го спречи Перез да доведе барем едно звучно засилување ова лето.
Во овој момент познато е дека Давид Алаба скоро сигурно ќе дојде во Мадрид како слободен играч. Голема желба е Килијан Мбапе, се поврзуваше Реал и со Халанд, но тоа се тешки мети.
Исто така се очекуваат некои од искусните играчи да си заминат. Не е сигурно дали наредната сезона во белиот дрес ќе ги гледаме Рамос, Марсело и Лука Модриќ. На трансфер листата ставени се Еден Азар, Асенсио и Варан, а од претходно отпишанји се Бејл, Јовиќ и Себаљос кои се враќаат од позајмици.
Во Реал се надеваат дека ќе продадат некои од овие играчи и ќе заработат доволно пари за Мбапе, затоа што ниту францускиот напаѓач не ја крие желбата еден ден да заигра за Реал.