Македонскиот репрезентативец Езгјан Алиоски е се поблиску до заминување од Лидс, а англискиот клуб изгледа дека веќе му бара и замена.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Според последните информации фаворит да го наследи Алиоски во Лидс е младинскиот репрезентативец на Шпанија, 19 годишниот Мигел Гутиерез. Гутиерез во овој момент е дел од вториот тим на Реал Мадрид, а сезонава неколку пати беше на клупата на првиот тим, но Зидан се уште не му дал шанса за настап.
Во својот договор Гутиерез има откупна клазула од 35 милиони евра.
Потенцијал има, меѓутоа за Лидс е ризик да се плати толкава сума за играч кој се уште не настапил во сениоерска конкурренција.
Инаку, во Реал Гутиерез тешко дека ќе добие шанса, посебно ако се остварат најавите дека во Мадрид ќе пристигне Давид Алаба.