Вили Њонто италијанскиот репрезентативец кој неодамна дебитираше во најсилната селекција на „Аѕурите“ во последните моменти од преодниот рок направи трансфер во Премиер лигата во редовите на Лидс.




Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Времето на Њонто допрва треба да дојде, играше на последните натпревари за Италија, а сега ќе има прилика да игра на најголемата сцена во Премиер лигата. Во редовите на Лидс тој пристигнува од Швајцарија од тимот на Цирих.




„Со задоволство може да објавиме дека трансферот на италијанскиот репрезентативец Вилфрид Њонто е завршен. Пристигнува од редовите на Цирих и потпиша договор до летото 2027 година“, објави англискиот клуб.




За овој трансфер Лидс на Цирих му исплати сума од 4.5 милиони евра.