Ливерпул е силно заинтерсиран за ѕвездата на Борусија Дортмунд, Дониал Мален на крајот на сезоната.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
24-годишниот фудбалер игра одлична сезона во Дортмунд и го привлече вниманието на многу европски гиганти.
Ливерпул подолго време го следи Мален, уште пред две години, но тогаш крилниот напаѓач реши да се пресели во Дортмунд.
Меѓутоа, сега Мален веќе се етаблираше како одличен фудбалер и е спремен да се пресели во Премиер лигата.
Холанѓанецот ќе биде примарна трансфер цел на „црвените“ кои веќе стапиле во контакт со неговиот агент.