Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по косовски репрезентативец

Ливерпул тргнува по косовски репрезентативец

Ливерпул е силно заинтересиран за напаѓачот на Вердер и косовски репрезентативец, Милот Рашица, пренесува „Билд“.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Според еминентниот германски весник Рашица е резервна опција за Клоп доколку не успее да го реализира трансферот на Тимо Вернер од Лајпциг.

Вернер е најголема трансфер желба на Клоп, но конкуренцијата за Германецот е огромна, па „црвените“ имаат резервна опција.

„Билд“ открива дека косовскиот репрезентативец во договорот со Вердер има откупна клаузула од 38 милиони евра. Интерес за Рашица покажува и Борусија Дортмунд бидејќи во него гледа идеална замена за Џејдон Санчо.

Оваа сезона Рашица игра фантастично и на 21 меч постигна 10 гола и запиша 4 асистенции за Вердер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…