Дома Трансфер зона Ливерпул тргнува по дефанзивецот на Марсеј

Ливерпул тргнува по дефанзивецот на Марсеј

Ливерпул покажува сериозен интерес за дефанзивецот на Марсеј, Бубакар Камара, пренесуваат медиумите на Островот.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


21-годишниот дефанзивец игра одлична сезона со Марсеј, а скаутите на Ливерпул веќе подолго време ги следат неговите настапи и неговиот развој.

Камара е продукт на школата на Марсеј, а од 2016 година е во првиот тим, па привлече внимание на неколку европски гиганти.

Камара е поливалентен играч кој може да игра како централен дефанзивец, но и како последен играч за врска. Клоп во него гледа идеална замена за Матип, кој може да биде продаден на лето.

Сепак, Ливерпул треба да спреми добра понуда бидејќи Марсеј нема лесно да се откаже од својата ѕвезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…