Претствојат важни денови во однос на трансферните планови на Ливерпул. До овој момент „црвените“ го донесоа само Ибрахима Конате за 35 милиони евра од Лајпциг.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Медиумите тврдат дека Клоп сака да донесе уште две засилувања од кои едното сигурно ќе биде замена за Вајналдум.
Меѓутоа, за тоа „црвените“ ќе треба да се ослободат од неколку фудбалери кои во моментов се „вишок“.
Според „Мирор“ шест фудбалери се ставени на продажба и тоа Дивок Ориги, Шаќири, Лорис Кариус, Натаниел Филипс, Бен Дејвис и Шеј Оџо.
До овој момент Ливерпул заработи 31 милион фунти од продажбите на Марко Груиќ, Таиво Авони и Хари Вилсон.