Ливерпул е блиску до комплетирање на трансферот на Рајан Гравенберх од Баерн Минхен.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Клоп ова лето сака да доведе најмалку две големи засилувања за средниот ред, а Гравенберх би требало да биде еден од нив.
Преговорите помеѓу двата клуба одат во добра насока и се очекува трансферот да биде договоре наскоро, тврдат медиумите на Островот.
20-годишниот холандски талент блесна во дресот на Ајакс и направи трансфер во Баерн, каде не добива голема минутажа и е спремен да ја промени средината.
Интерес за неговиот потпис покажаа неколку европски клубови, но Ливерпул ја победи конкуренцијата и е наблиску до комплетирање на трансферот.
Баерн за неговата слобода бара 25 милиони евра, сума која Ливерпул нема да има проблем да ја плати.