Дома Кошарка Лејкерси подобри од Атланта, Феникс во одличен натпревар славеше со Далас 🎥

Лејкерси подобри од Атланта, Феникс во одличен натпревар славеше со Далас 🎥

Кошаркарите на ЛА Лејкерси изминатата вечер ја победија Атланта со 107:99.

Лејкерси успеаа да дојдат до нова победа и во еден интересен меч ја совладаа Атланта. Актуелниот НБА шампион првата четвртина ја реши во своја корист со 28:25, а на полувреме се замина со 50:46 за Лејкерси.

Во продолжение Атланта заигра многу подобро и успеа да го сврти резултатот во своја корист. После третата четвртина Атланта водеше со 76:75, но Лејкерси во последната четвртина успеаа да го решат мечот.

Таа последна четвртина Лејкерси ја одиграа одлично и на крајот запишаа победа со 107:99.

Ентони Дејвис ги водеше Лејкерси со 25 поени, додека Леброн додаде 21 поен. Во екипата на Атланта се истакна Трае Јанг со 25 поени и дури 16 асистенции.

Треба да се истакне дека Портланд доживеа пораз од Милвоки 134:106, додека Феникс во одличен натпревар го победи Далас со 109:108.

Лука Дончиќ одигра натпревар во кој постигн 25 поени и додаде уште 5 скокови и 8 асистенции.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Притвор по навивачкиот судир, Фемили ги оспорува тврдењата за оружје

Фемили Аеродром ги отфрла тврдењата за употреба на оружје во судирот со ривалските навивач…