Дома Кошарка Лејкерси конечно заиграа како вистински шампиони, силно блесна Ентони Дејвис! 🎥

Лејкерси конечно заиграа како вистински шампиони, силно блесна Ентони Дејвис! 🎥

Oткако го доведоа во прашање директниот пласман во плеј-офот, Лејкерси конечно го прикажаа своето вистинско лице.

Актуелните шампиони со 123:110 го победија Феникс кој во овој момент е втор тим на Западот и така останаа во игра за директен пласман.

Најдобар во редовите на Лејкерси беше Ентони Дејвис кој натпреварот го заврши со 42 поени и 12 скока. Во редовите на поразениот тим Камерум Пејн забележа 24 поени.

Сега Лејкерси се седми на табелата со 38 победи и 30 порази.

НБА РЕЗУЛТАТИ: Сакраменто – Оклахома, Детроит – Чикаго 96-108, Орландо – Минесота 96-128, Кливленд – Далас 97-124, Шарлот – Љу Орлеанс 110-112, ЛА Клиперс – Њујорк 100-106, Бостон – Мајами 124-130.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Кошарка

Проверете

Притвор по навивачкиот судир, Фемили ги оспорува тврдењата за оружје

Фемили Аеродром ги отфрла тврдењата за употреба на оружје во судирот со ривалските навивач…