Денис Шредер ќе биде нов кошаркар на Лос Анџелес Лејкерси откако актуелниот шампион го трејдуваше овосезонскиот пик на драфтот за да го добие плејмејкерот на Оклахома.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лејкерси така се откажа од својот 28-ми пик на драфтот кој ќе се одржи вечерва. Во изминатата сезона Шредер беше на високо ниво и за Оклахома имаше учинок од 18.9 поени по натпревар.
Германецот треба да биде замена за Рондо кој ја искористи опцијата во договорот и ќе биде слободен агент. Причината поради која Рондо заминува е да побара поголем договор во друг клуб.
Ќе потсетиме, денес се појави и информација дека Лејкерси можат да останат без Ентони Дејвис кој ја одбил понудата да го продолжи договорот (повеќе за ова тука).