Дома Фудбал Англија Лестер руши рекорди – стана најлошиот шампион во историјата!

Лестер руши рекорди – стана најлошиот шампион во историјата!

Екипата на Лестер минатата сезона на општо изненадување ја освои титулата во Премиер лигата пред носот на големите англиски гигнати.

Сепак, оваа сезона приказната е поинаква. По вчерашниот натпревар против Мидлсброу, Лестер го доби епитетот најлош шампион во историјата на Премиер лигата која е формирана во 1991 година. По 13 одиграни кола, „лисиците“ освоија само 13 бода, нешто што не му се случило на ниеден првак во последните 25 години.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во историјата на англискиот шампионат само тимот на Ипсвич во сезоната 1962/63 по 13 кола освои 11 бода, но тогаш победата не носеше три бода.

Моментално тимот на Раниери е на само два бода од зоната на испаѓање, само на три меча успеа да забележи победа, додека шест пати беше поразен. Во следното коло Лестер ќе се сретне со Сандерленд, кој исто така има катастрофален старт на сезоната.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Клоп и Салах после расправијата: Ќе има пожар

На денешниот меч помеѓу Вест Хем и Ливерпул дојде до голема расправија помеѓу Јирген Клоп …