Дома Трансфер зона Леонардо нема дилеми: „Господинот 100 милиони“ би бил мое прво засилување

Леонардо нема дилеми: „Господинот 100 милиони“ би бил мое прво засилување

Вечерва на натпреварот помеѓу Лацио и Стеауа ќе има повеќе скаути отколку навивачи, се шегуваат медиумите во Италија.

Секако, во центарот на вниманието е Сергеј Милинковиќ Савиќ или „господин 100 милиони“ како што гласи неговиот прекар.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лацио во понеделникот со победата над Верона го прескокна Интер на четвртата позиција, доколку успеат да се задржат тука, Савиќ можеби и ќе остане.

„Одбив 70 милиони евра за него“, повторуваше Лотито додека за овој фудбалер интерес покажаа Пари Сен Жермен, Манчестер Јунајтед и Јувентус.

Но, Савиќ го следат многу повеќе клубови, а легендарниот Бразилец, Леонардо, нема дилеми кој би бил првото засилување.

„Немам дилеми, тоа би ми било првото засилување“, изјави Бразилецот.

Леонардо и понатаму има големо значење во Париз каде што работеше како спортски директор, токму тој ја започна револуцијата со доведувањето на Тиаго Силва, Ибрахимовиќ, Верати и тренерот Анчелоти.

 

Сега, дали ова е порака дека ПСЖ ќе се обиде да го доведе Сергеј, останува да чекаме до летото.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Реал и ПСЖ се „тепаат“ за големиот аргентински талент

Реал Мадрид и ПСЖ покажуваат сериозен интерес за големиот аргентински талент на Ривер Плат…