Дома Фудбал Англија Легендата тврди: Санчез и Озил го изневерија Арсенал!

Легендата тврди: Санчез и Озил го изневерија Арсенал!

Арсенал сезоната ја заврши на петтото место и не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, прв пат по 20 години нема да игра во фазата по групи во Лигата на шампионите.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Најмногу на удар поради лошата сезона се двете најголеми ѕвезди Озил и Санчез, а легендата Мартин Кион вели дека тие го изневериле клубот.

„озил не беше тука кога на екипата è беше најпотребен. Дали беше повреден? Дали беше болен? Предолго сè се вртеше околу него и Алексис Санчез, а тие не беа доволно константни и имаше моменти кога тие го изневерија Арсенал. Тоа не е в ред и кон другите играчи“, изјави легендата на Арсенал и поранешен репрезентативец на Англија, Мартин Кион.

Договорите на Озил и Санчез истекуваат во јуни 2018 година и двајцата одбија да потпишат нови, па готово сигурно ќе го напуштат „Емирати“ ова лето.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Јувентус има интерес за играч од средниот ред на Милан

Италијанскиот гигант Јувентус го насочи својот интерес кон играчот од средниот ред на Мила…