Славниот фудбалер на Ливерпул, Крег Белами ќе го наследи Винсен Компани на клупата на Барнли.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Компани изненадувачки по испаѓањето со Барнли во Чемпионшип доби понуда од Баерн и одлучи да ја прифати. Сега медиумите на Островот пренесуваат дека фудбалерот кој остави најдлабока трага носејќи го дресот на Ливерпул привремено ќе го наследи.
Информациите се дека во Барнли одлучи Белами привремено да се грижи за тимот и да ја извршува тренерската функција додека не биде пронајдено конечно решение.
Белами беше асистент на Компани во неговите два претходни клуба, Андерлехт и Барнли. Како фаворити за долгорочно решение се споменуваат Скот Паркер и Френк Лампард.