Дома Останати Кошарка НБА Легендарните „Џорданки“ на аукција. Погледнете ја цената! ?

Легендарните „Џорданки“ на аукција. Погледнете ја цената! ?

Единаесет пара патики кои ги носеше Џордан на неговите натпревари се ставени на аукција.

Парот Air Jordan 1 High кој легендарната НБА ѕвезда Мајкл Џордан ги носеше во 1985-та година во Италија и со чија помош топката ја заби со сила да се скрши таблата од кошот на парчиња се ѕвезда на аукцијата!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Парче од стаклото и натаму се наоѓа во левата патика, а патиките поради тоа го имаат добиено прекарот “Shattered Backboard”. Кејтлин Донован од аукциската куќа “Christie’s” која проценува дека овој пар патики би достигнал цена од 650 до 850 илјади долари изјави дека „Тоа беше момент за паметење во историјата на спортот“.

Nike Air Ship 1984 кои Џордан ги носел на предсезонските натпревари во пресрет на неговата руки сезона во дресот на Чикаго Булс и чија вредност се проценува на 55 илјади долари исто така се вклучени во аукцијата.

Се смета дека голем акцент ќе се стави и на парот Air Jordan 7 Olympic кои Џордан ги носеше на Олимписките игри во Барселона во 1992-ра година кога заедно со „Дрим тимот“ на САД го освои златниот медал. Нивната цена се проценува да се движи околу 70 илјади долари.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In НБА

Проверете

Големи пофалби за Дончиќ: Ќе биде помеѓу најдобрите тројца кошаркари во историјата

Првиот човек на Далас, Марк Кјубан е убеден дека Лука Дончиќ е најдобриот кошаркар кој игр…