Дома Фудбал Останато Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда призна: Играв два наместени натпревари!

Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда призна: Играв два наместени натпревари!

Легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Миодраг Белодедиќ призна дека во кариерата играл два наместени натпревари кои морале да завршат со нерешен резултат.

Белодедиќ во два наврати ја освои Лигата на шампиони, со Звезда и Стеауа, а како член на романскиот тим одиграл два наместени натпрвари.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Натпреварот помеѓу Стеауа и Клуж од пред многу години мораше да заврши нерешено, исто како и мечот против Бистрица. Договорено беше да нема победник. Натпреварот во тој случај почнува нормално, на почетокот играте цврсто, но ако постигнете гол мора да го пуштите противникот да израмни“, објаснува Белодедиќ.

„Постојат многу начини да пуштите гол, особено при корнери и слободни удари. Не ги напаѓате напаѓачите и ги пуштате да шутираат, а вие го кревате стапалото за да помине топката и никој нема да забележи што се случува“, додаде Белодедиќ.

Белодедиќ во текот на кариерата цели девет години го носеше дресот на Стеауа, а три сезони беше член на Црвена Звезда.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…