Дома Фудбал Легендарниот Раул Гонзалез го освои првиот трофеј како тренер

Легендарниот Раул Гонзалез го освои првиот трофеј како тренер

Раул Гонзалез на почетокот на март стана тренер на екипата на Реал Мадрид до 19 години.

Сега легендарниот напаѓач на „кралевите“ го освои својот прв трофеј како главен тренер во тренерската кариера.


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Шпанската легенда со својот успех се пофали на друштвените мрежи и ги пофали играчите на неговиот тим.

„Овие момци имаа одлична сезона. Голема е честа да се биде дел од овој тим“, напиша Раул после освојувањето на трофејот.

Раул исто така не заборави да го пофали поранешниот тренер Алваро Бенито кој во поглемиот дел од сезоната беше на чело тимот, но доби отказ поради критиките наменети за првиот тим.

„Ова е и за тебе, пријателу“, додаде легендата на тимот од Мадрид.

Алваро Бенито клубот го напушти неодамна, а Раул Гонзалез беше назначен на неговото место.

Инаку, легендарниот напаѓач веќе три години работи во младинските категории на Реал и оди по сличен пат како оној на Зинедин Зидан.

Раул најдобрите денови во својата кариера како играч ги помина во Реал Мадрид каде што член на првиот тим беше цели 16 години, од 1994 до 2010 година. Дресот на гигантот од Мадрид го носеше на 550 натпревари и постигна 228 голови.

Откако го напушти Мадрид фудбал играше уште пет години во тимовите на Шалке, Ал Сад и Њујорк Космос.

За репрезентацијата на Шпанија настапи на 102 натпревари и постигна 44 погодоци.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Марсијал со емотивно писмо се прости од Манчестер Јунајтед

После девет години заврши аваннтурата на Антони Марсијал во Манчестер Јунајтед, кој денес …