Дома Фудбал Германија Левандовски спремен да го тужи Баерн

Левандовски спремен да го тужи Баерн

Роберт Левандовски е решен во намерата да го напушти Баерн Минхен ова лето иако има уште една година од договорот.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Полскиот напаѓач изрази желба да се пресели во Барселона и нема да дозволи сегашниот клуб да ги блокира понудите.

Полјакот веќе ги договорил сите услови со Каталонците, двегодишен договор со опција за продолжување на уште една и е одлучен во намерата да се пресели на „Камп Ноу“.

Барселона спрема последна понуда од 35 милиони евра плус 5 милиони евра сигурни бонуси и очекува што побрзо да го реализира трансферот.

Германските медиуми тврдат дека Левандовски дури е спремен да тужи и да бара предвремен раскин на договорот доколку не му биде дозволен трансфер.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Германија

Проверете

Официјално: Чаби Алонсо е нов тренер на Челси

Англискиот гигант Челси официјално потврди дека шпанскиот стратег Чаби Алонсо ќе го презем…