Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски во финалето ќе се обиде да сруши рекорд на Роналдо

Левандовски во финалето ќе се обиде да сруши рекорд на Роналдо

Роберт Левандовски „брка“ рекорд на Роналдо но за да го сруши ќе треба да одигра на највисоко ниво во финалето.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Баварската машинерија вчера го разби Лион. Избраниците на Флик славеа со 3:0, а головите ги постигнаа Гнабри (два) и Левандовски. Со овие голови тие го срушија рекордот на тандемот Бејл/Роналдо од сезоната 2013/14.

Тогаш двоецот на Реал постигна 23 гола во Лигата на шампионите, Португалецот 17, а Велшанецот шест.

Вчера Гнабри го постигна својот деветти, а Левандовси петнаесети гол со што стигнаа до бројката од 24. Полскиот голгетер постигнува погодоци во серија и има постигнато барем по еден гол на последните девет натпревари во елитата. На тој начин го изедначи рекордот на Ван Нистерлој од сезоната 2003, а уште два му фалат за да го сруши рекордот на Роналдо од 2008 година.

Левандовски сега „брка“ 17 голови во Лигата на шампионите, толку голови во една сезона во ЛШ постигнал само Роналдо. Сепак треба да се спомене дека поради овогодинешниот формат на најелитното клупско натпреварување во Европа Левандовски ќе има два натпревари помалку.

Пред Лева е уште еден натпревар и тоа финалето со ПСЖ. Дали ќе успее барем да го изедначи или можеби да го подобри рекордот на Роналдо ќе видиме во недела.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Важен играч на Интер се повреди неколку дена пред финалето

Учеството на Маркус Тирам во финалето за Купот на Италија против Лацио во среда е под сери…