Дома Фудбал Лига на шампиони Левандовски во Барселона сруши рекорд кој го држеше Меси

Левандовски во Барселона сруши рекорд кој го држеше Меси

Полскиот напаѓач, Роберт Левандовски не може да се пофали со некоја посебна ефикасност во Лигата на шампионите откако дојде во Барселона, но против Наполи успеа да сруши рекорд кој досега беше во сопственост на Лионел Меси.

Левандовски ја доведе Барселона во водство, а подоцна Наполи преку Осимен дојде до реми.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Со тој гол Полјакот стана највозрасниот фудбалер кој постигнал гол за Барселона во елитното натпреварување.

Рекордот претходно го држеше Меси со голот против ПСЖ во март 2021 година. Аргентинецот погоди со 33 години и 259 дена. Левандовски сега го држи рекордот со 35 години и 184 дена. Ќе потсетиме, Ламин Јамал на истиот натпревар стана најмладиот фудбалер на Барселона што заиграл во Лигата на шампионите (16 години и 223 дена).

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

„Сите освен полските судии сакавме да гледаме германско финале“

Спортскиот директор од редовите на Баерн Минхен, Макс Еберл како и уште неколкумина од таб…