Дома Фудбал Италија Леао: Можам да бидам како Роналдо и Мбапе!

Леао: Можам да бидам како Роналдо и Мбапе!

Португалецот, Рафаел Леао 2023-та година ја заврши со свирежи од „Сан Сиро“, а тоа направи да се најде во центарот на вниманието на стартот на Новата Година.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Леао имаше подготвено одговор за критичарите и нагласи дека тоа му е дополнителна мотивација, а во последното интервју зборуваше и за својот фудбалски идол.

Свесен е Леао дека не е констатно добар за да биде сметан како еден од најдобрите во светот, меѓутоа се стреми и верува дека може да стигне до тоа ниво.

„Мој идол е Кристијано Роналдо. Можам да бидам како него или Мбапе, можам да дојдам до тоа ниво, но во овој момент не сум толку голем егоист.

Можам да постигнувам голови, но ако сум во можност да асистирам ќе го направам и тоа. Во овој момент во фудбалот се гледаат само бројките, тие се на страна на Халанд, Мбапе и Меси. Кога ќе размислувам како нив, ќе стигнам и до нивното ниво“, изјави Леао.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Пристигнаа ужасни вести за Новак Ѓоковиќ пред Вимблдон

Новак Ѓоковиќ го видовме изминатиот викенд на трката од Формула 1 во Барселона за Големата…