Дома Фудбал Останато Лајпциг го претстави Елмас: Ова е вистински избор за мене!

Лајпциг го претстави Елмас: Ова е вистински избор за мене!

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денес и официјално го комплетираше трансферот во Лајпциг.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Германскиот клуб го потврди доаѓањето на македонскиот „дијамант“ за кого му платија 25 милиони евра на Наполи.

24-годишниот македонски фудбалер потпиша договор до јуни 2028 година и ќе го носи дресот со бројот 6. Како што соопштија од Лајпциг, македонскиот дијамант на новиот тим на тренинзите ќе му се приклучи на 2 јануари во тренинг кампот Ла Манга.

„Преселбата во Бундеслигата и приклучувањето на тим како Лајпциг ее сигурно остварување на еден сон за мене. Клубот е познат по посебниот фудбал кој го практикува, со силен пресинг, активно темпо и силен напад. Сето тоа е нешто кое максимално ми одговора и го посакувам во играта. Затоа преселбата во Лајпциг е вистинскиот чекор за мене и со нетрпение очекувам да се сретнам со сите во јануари“, истакна Елмас.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Нов срамен потег на Роналдо: Вакво нешто не се гледа секој ден (Видео)

Фудбалерите на Ал Наср го загубија финалето на Азиската лига на шампиони 2, каде што подоб…