Напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез нема намера да го напушти миланскиот клуб, тврди менаџерот на аргентинскиот репрезентативец, Алехандро Камано.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Лаутаро игра одлична сезона и во моментов е прв стрелец во Серија А со девет постигнати гола.
„Лаутаро е среќен, сака да биде дел од проектот на Интер, кој е навистина амбициозен. Тој има одличен однос со соиграчите и со сите останати. Впрочем, тој е долгорочен проект на еден од најдобрите клубови во Европа и е среќен во Милано заедно со семејството“, изјави менаџерот.
Наскоро на Лаутаро ќе му биде понуден нов договор, а самиот играч е подготвен да стави потпис.
„Мојот агент работи со клубот. Моето семејство и јас сме многу среќни овде. Давам се од себе и нема причина да ја менувам средината“, изјави Лаутаро.