Дома Фудбал Останато Лапорта: Требаше Чави да го доведам и порано

Лапорта: Требаше Чави да го доведам и порано

Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта е задоволен од тоа како се одвиваат работите во клубот од кога тој се врати на чело на Барселона.

Лапорта истакна дека требало Чави на клупата на Барселона да го доведе и порано, но работите не биле така јасни и едноставни.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Мојата најдобра одлука од кога станав претседател е враќањето на Чави. Требаше и порано да го направам тоа, сепак не е така едноставно како што мислат луѓето“.

Новинарите му поставија и прашање за Ерлинг Халанд.

„Веќе зборував дека клбуот го ставам пред сите други…Ние нема да испраќаме астрономски понуди кои можат да ја загрозат нашата финансиска ситуација. Сакаме да го максимизираме тимот, а не да го индивидуализираме. Нема да ви кажам ниту едно име затоа што тоа може да подигне цената на фудбалерот“, изјави Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Ни Конте, ни Лопетеги: Милан го избра новиот тренер

Милан е во потрага по нов тренер откако стана јасно дека на крајот на сезоната ќе се разде…