Дома Фудбал Лапорта: Тие што ја мразат Барселона треба да се смират малку

Лапорта: Тие што ја мразат Барселона треба да се смират малку

Првиот човек на Барселона, Жоан Лапорта смета дека против неговата екипа се води црна кампања, откако каталонскиот гигант беше обвинет за корупција.

Барселона доби тужба поради „влијание врз судиите“, откако од 2001 до 2018 година му исплаќала пари на поранешниот потпретседател на Комисијата на судии во Ла Лига.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


Поранешните претседатели, Сандро Росел и Жозеп Марија Бартомеу веќе заработија пријави, а Лапорта во одбрана на Барселона кажа дека се води црна кампања против екипата.

„Тие што ја мразат Барселона, треба да се смират малку. Против нас се води црна кампања, но ние ќе покажеме дека сме невини. На крајот ќе бараме да ни се извинат сите што нè напаѓаат во изминатиот период“, вели Лапорта.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

„Ме сметаа за едно од најдобрите засилувања во Премиер лигата, а сега сум безвреден?“

Настапите на бразилскиот играч за врска Касемиро во Манчестер Јунајтед се под знак прашалн…