Дома Фудбал Останато Лапорта: Суперлигата е неопходна, големите клубови вложуваат многу пари

Лапорта: Суперлигата е неопходна, големите клубови вложуваат многу пари

Претседателот на Барселона Жоан Лапорта конечно се огласи и го кажа својот став за Суперлигата.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Од 12. клуба кои потпишаа да се формира ова натпреварување останаа само уште Барселона, Реал Мадрид и Јувентус, па затоа натпреварувањето е ставена на чекање. Сега првиот човек на Барселона порача дека Суперлигата е неопходна.

„Суперлигата е неопходна. Големите клубови вложуваат многу пари, платите на фудбалерите се огромни и тоа мора да се земе во предвид. Мора тоа да биде атрактивно натпреварување, но базирано на спортски успеси. Отворени сме за дијалог со УЕФА. Некои клубови се под притисокот, но проектот Суперлига и понатаму е тука“, изјави Лапорта.

На крајот Лапорта порача дека ќе одлучува и раководството.

„Нас ни е најважно да ги браниме нашите интереси. За се ќе одлучуваме кон крајот на мај со членовите на клубот“, истакна првиот човек на Барселона.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Останато

Проверете

Гвардиола си замина, а зад него следува вистински егзодус: Пет големи имиња останаа без работа во Сити

Со заминувањето на Пеп Гвардиола од Манчестер Сити, заврши една од најуспешните ери во ист…