Дома Фудбал Италија Лапорта потврди: Завршува еден циклус, следуваат големи промени

Лапорта потврди: Завршува еден циклус, следуваат големи промени

Претседатеот на Барселона, Жоан Лапорта најави огромни промени во клубот во текот на летото.

Лапорта сака да ја врати Барселона на победничките патеки и има намера да направи промени во екипата. „Мундо Депортиво“ и пред неколку дена пишуваше дека 14 играчи на Барселона ќе бидат ставени на трансфер листата.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


„Еден циклус е завршен и работиме на целосно реновирање на тимот. Тоа мора да се направи. Претходно ви кажав дека ќе анализирам се кога сезоната ќе заврши. Натпреварите, составот, екипта, менталитетот…Од наредната недела ќе бидат донесени серија одлуки, па потоа ќе коментираме“, истакна Лапорта.

Желбата на Лапорта е Барселона повторно да стигне до тронот на Европа.

„Бевме елиминирани во раната фаза од Лигата на шампионите, а првенството го изгубивме на неверојатен начин. Сега мора напорно да работиме за да изградиме тим спремен да ја освои Лигата на шампионите и Ла Лига“, порача првиот човек на Каталонците.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Италија

Проверете

Дерби на денот: Германски тест за арапските милиони

Денес во фокусот ќе биде вториот полуфинален дуел од Лигата на шампиони помеѓу Борусија До…