Дома Фудбал Англија Лампард најлош тренер, Абрамович му најде замена

Лампард најлош тренер, Абрамович му најде замена

Челзи продолжи со лошите резултати во Премиер лигата, а после поразот од Сити Франк Лампард е под голем притисок.

Лампард откако седна на кормилото на Челзи има просек од 1,67 бодови по меч и тоа го прави најлош тренер во ерата на Роман Абрамович, кој го презема клубот во 2003 година.

Според бодовниот учинок пред Лампард се сите други менаџери кој ги донел Абрамович: Аврам Грант (2,31), Жозе Мурињо (2,19), Антонио Конте (2,07), Рафаел Бенитез (1,96), Андре Виљаш Боаш (1,70).

Медиумите на Островот тврдат дека Абрамович веќе нашол замена за Лампард, а најголема желба е Андреј Шевченко.

Шевченко со голем успех ја води украинската репрезентација и тешко дека ќе прифати да ја напушти пред Европското првенство, но следното лето големи се шансите да седне на кормилото на „Стенфорд Бриџ“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Раде Богдановиќ го критикува изборот на Славен Билиќ за селектор на Хрватска

Раде Богдановиќ го изрази своето незадоволство од одлуката Славен Билиќ да стане селектор …