Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, на сите учесници на кампот „Кирил Лазаров 7“во Охрид им порача дека сите се еднакви без оглед на возраста, квалитетот и местото од каде доаѓаат.

– Концептот на овој проект е дека сите ние без оглед на возраста, познавањето на ракометот и местото од каде доаѓаме сме еднакви и функционираме како семејство. Се надевам дека и оваа година ќе ги поместиме границите на добра организација и дека секое дете од кампот ќе си оди со убави спомени. Се потрудивме и оваа година децата да работат со најдобрите македонски тренери, со тренери од странство и со предавачи признаени во нивните области, рече Лазаров.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во Охрид вчера стартуваше четвртото издание на ракометниот камп „Кирил Лазаров 7“ со традиционален пречек на 150 кампери.

Следните две недели повеќе од 300 момчиња и девојчиња од осум земји ќе се едуцираат, дружат и забавуваат со најдобриот македонски спортист и неговиот тим тренери и предавачи.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Мак ракомет

Проверете

Тажна вест: Почина легендарниот Велибор Џаровски – Џаро, македонскиот „крал на местенките“

На 75-годишна возраст денеска по кусо боледување почина легендарниот Велибор Џаровски R…