Дома Фудбал Англија Ладен туш за Пеп Гвардиола од еден од најважните играчи на Манчестер Сити

Ладен туш за Пеп Гвардиола од еден од најважните играчи на Манчестер Сити

Манчестер Сити синоќа за прв пат во историјата стана шампион на Европа, а ден по големиот успех медиумите објавуваат вест која не е баш пријатна за ушите на тренерот на оваа екипа, Пеп Гвардиола.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Повторно еден гол го реши финалето во Лигата на шампионите, а синоќа во Истанбул токму голот на Родриго во 68. минута му донесе победа на Манчестер Сити против Интер.

Сепак, само десет часа по големата прослава, странските медиуми објавија вест која воопшто нема да му се допадне на Пеп Гвардиола.

Имено, договорот на Илкај Гундоган истекува на крајот на овој месец. Пеп Гвардиола сака да го продолжи и да го задржи својот капитен, но се чини дека Германецот со турско потекло нема намера да го направи тоа.

Како што објавија, тој донел одлука да го напушти клубот откако ја освои тројната круна оваа сезона, а неговата следна дестинација ќе биде Барселона.

Шпански „Спорт“ пишува дека овој играч ќе биде претставен во Барселона и ќе потпише договор веќе оваа недела.

„Фудбалерот сака да слушне дали ќе биде важен, дали ќе игра, на која позиција. И кога разговарам со нив, имам чувство дека сите сакаат да дојдат во Барселона“, изјави Чави Ернандез на прашањето за доаѓањето на Гундоган.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Хуман гест на играчите на Реал за Флик по загубата на неговиот татко

Барселона на својот домашен терен го порази Реал Мадрид со 2:0 благодарение на головите на…