Италијанскиот напаѓач Патрик Кутроне (22) си заминува од англиски Вулверхемптон после само шест месеци.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Кутроне ќе се врати во Италија и ќе го носи дресот на Фиорентина. Милан минатото лето го продаде Кутроне на Вулверхемптон за 18 милиони евра, меѓутоа Италијанецот не се снајде баш најдобро во најсилната англиска конкуренција.
Сега се враќа во Серија А каде што ќе потпише договор со Фиорентина за позајмица до крајот на сезоната. Тимот од Фиренца ќе има можност да го откупи неговиот договор за истата сума која ја плати Милан, односно 18 милиони евра.
