Дома Фудбал Кутињо мора на операција, со тоа и спаси на Барса 20 милиони

Кутињо мора на операција, со тоа и спаси на Барса 20 милиони

Филипе Кутињо ќе мора да оди на операција, пренесуваат каталонските медиуми.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Кутињо веќе подолго време се мачи со повредата, па на совет на докторите се одлучи да му биде направен оперативен зафат.

Бразилецот е надвор од терените од декември и требаше да се врати на терените овој месец, но повредата се искомплицира.

Операцијата ќе значи дека за Кутињо сезоната е завршена, а со тоа Барселона ќе заштеди 20 милиони евра.

Каталонците ќе мораат да му ги платат на Ливерпул 20 милиони евра бонсуи, ако Кутињо запише 100 настапи за Барселона.

Во моментов Кутињо има 90 настапи во дресот на Барса, а повредата оваа сезона го спречи да дојде до 100-от настап.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Што мислеше, човек?! Неверојатната грешка на голманот Муслера го чинеше Уругвај победа

Фудбалската репрезентација на Зеленортските Острови продолжува со пишување на најубавите с…