Дома Фудбал Куртоа се повреди, Реал остана без голмани

Куртоа се повреди, Реал остана без голмани

Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа го напушти лагерот на белгиската репрезентација поради повреда, пренесуваат шпанските медиуми.

Улични кучиња: Системски или човечки проблем? | Уште еден поткаст


Станува збор за лесна мускулна повреда, но белгиската репрезентација не сака да презема ризик и поради тоа го ослободи Куртоа од репрезентативните обврски.

Куртоа веднаш ќе се врати во Мадрид, а „кралевите“ се надеваат дека голманот ќе биде спремен за следниот меч на 17-ти октомври.

Резервниот голман на Реал, Андриј Лунин е позитивен на коронавирус, што ја усложнува ситуацијата на „кралевите“.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Капело брутално искрен: Роналдо го интересираа само жени и журки, Касано правеше глупости

Познатиот Фабио Капело во својата богата кариера тренираше многу големи ѕвезди, а со спорт…