Дома Фудбал Англија Куртоа продолжува да го бојкотира Челзи

Куртоа продолжува да го бојкотира Челзи

Голманот на Челзи, Тибо Куртоа не се појави на тренингот на „сините“ втор ден по ред, пренесува „Скај Спорт“.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Како и вчера, така и денес причината за отсуството на Куртоа од тренинзите е неговата желба да го напушти Челзи во овој трансфер периоден рок.

Меѓутоа, неговиот трансфер воопшто не е лесен бидејќи трансферниот прозорец во Англија се затвара во четврток, а „сините“ се уште немаат најдено соодветна замена.

Куртоа сака трансфер во Мадрид и не се откажува од својата идеја, а Челзи е во потрага по нов голман. Фаворит за негова замена е Џек Батланд од Стоук, со оглед на фактот што Јан Облак изгледа како невозможна мисија.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Англија

Проверете

Во продажба пуштени билетите за финалето од Купот на Македонија: Еве каде може да купите!

Фудбалската федерација на Македонија ги пушти во продажба билетите за финалниот натпревар …