Дефанзивецот на Севиља, Жил Кунде е се поблиску до преселба во Челзи, откако ги договорил личните услови со лондонскиот клуб.
Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!
Весникот „АС“ тврди дека трансферот на Кунде на „Стемфорд Бриџ“ наводно е многу блиску до релизација, иако Челзи и Севиља имаат треба да договорат уште некои детали.
Челзи и минатото лето направи неколку обиди да го донесе Французинот, но тогаш Севиља успеа да го задржи во своите редови.
„Сините“ ова лето ќе останат без Кристенсен и Рудигер, па сакаат да донесат најмалку еден врвен дефанзивец, а најголема желба е токму Кунде.
23-годишниот Кунде веќе три сезони игра на врвно ниво и е стандарден француски репрезентативец, а трансферот би требало да изнесува околу 65 милиони евра.