Дома Фудбал Куман открива: Барселона сакаше да го продаде Педри

Куман открива: Барселона сакаше да го продаде Педри

Поранешниот тренер на Барселона, Роналд Куман откри дека клубот сакал да го продаде Педри веднаш после неговото доаѓање во клубот.

Станува збор за летото 2020 година кога и Куман и Педри пристигнаа на „Камп Ноу“.


Кој ќе биде новиот шампион, Сити или Арсенал? ↓↓↓


„Помина само една недела откако ја преземав екипата, а челниците ме прашаа дали планирам да го користам.Наводно Баерн сериозно се интересирал за него, но јас им реков дека ќе остане затоа што очекувам за брзо да стане стартер за Барса“, изјави Куман.

Баерн тогаш нудел околу 80 милиони евра за Педри, а Барселона била спремна да ја прифати понудата.

Педри сега е еден од најважните играчи на Барселона, а клубот се заштити со нов договор и огромна откупна клаузула.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Заслужено:Палмер најдобар млад играч во Премиер лигата

Фудбалерот на Челзи Кол Палмер е најдобриот млад играч во Премиер лигата оваа сезона. Игра…