Дома Трансфер зона Куман може да биде среќен: Заминува и последниот играч кој го отпиша?

Куман може да биде среќен: Заминува и последниот играч кој го отпиша?

Тренерот на Барселона, Роналд Куман направи чистка во соблекувалната на Барселона.

Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст


Холандскиот стручњак по доаѓањето отпиша неколку имиња меѓу кои Луис Суарез, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, кои на крајот го напуштија клубот.

Куман помеѓу останатите го отпиша и францускиот дефанзивец Самуел Умтити. Сака да се ослободи од него пред почетокот на сезоната и се чини дека во тоа ќе успее.

Умтити доби понуда од Лион. Неговиот поранешен клуб сака да го ангажира на позајмица, а Барса е подготвена да го пушти.

Преговорите веќе започнале и нема да биде никакво изненадување доколку Умтити на крајот заврши во Лион.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Можно ли е? Отказот на Слот може да значи голем пресврт во Ливерпул!

Денеска неочекувано пристигна веста дека Арне Слот ја заврши својата кариера како тренер в…