Дома Фудбал Куман за инцидентот после „Ел Класико“: Тоа е проблем на воспитување

Куман за инцидентот после „Ел Класико“: Тоа е проблем на воспитување

Тренерот на Барселона, Роналд Куман на пресконференцијата пред мечот со Рајо Ваљекано зборуваше за „Ел Класико“.

Куман зборуваше и за инцидентот со фановите на Барселона, кои го блокираа неговиот автомобил после поразот од Реал Мадрид.


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


„Не мислам дека за тоа има решение. Тоа е социјален проблем, проблем на воспитување. Тоа е проблем насекаде, не само кај нас. Атмосферата на трибините беше неверојатно, дури и при резултат 0:2.Се согласувам со Пујол кој порача дека треба да бидеме обединети“, изјави Куман.

„Ми се допадна мечот со Реал, но загрижен сум за повредите кои ги имаме. Загрижени сме како ќе се одвива нивното враќање на терените. Се уште не знам точно кога ќе може да сметам на Педри, Дембеле и Араухо“, додаде Куман.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Фудбал

Проверете

Пиоли заминува, Милан спреми список од три имиња

Tимот на Милан нема баш најдобри резултати сезонава, па поради тоа започнува да се тресе и…