Дома Фудбал Лига на шампиони Куман: Баерн во овој момент е многу подобар од нас

Куман: Баерн во овој момент е многу подобар од нас

На првиот натпревар без Меси во Лигата на шампионите Барселона на домашен терен претрпе пораз од Баерн Минхен со 3:0.

Барселона не покажа ништо, немаше удар кон противничкиот гол и Баерн заслужено славеше. Фановите не беа задоволни од она што го гледаа, посебно во второто полувреме кога испратија и свирежи.


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Куман по натпреварот призна дека Баерн во овој момент е многу подобар тим од Барселона.

„Во овој момент Баерн е многу подобар, голема е разликата во играчите. Заслужено победија. На момците не можам ништо да им забележа, имаме екипа каква што имаме. Станува збор за млади момци, натпреварот го завршиме со неколку фудбалери кои имаат 18 години. За две-три години можат да бидат многу добри“, изјави Куман.

И Пике слично како и Куман беше реален за ситуацијата во Барселона, неговата изјава можете да ја прочитате – тука.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Лига на шампиони

Проверете

Наполи се договори со тренерот на Милан

Стефано Пиоли на крајот на сезоната сигурно ќе се раздели со Милан, а медиумите тврдат дек…