Во првото коло од Лигата на шампионите Барселона на домашен терен беше поразена од Баерн со убедливи 0:3, а во натпреварот Каталонците не упатија ниту еден удар кон противничкиот гол.
Пике беше разочаран по мечот, но и констатираше дека Барселона не е помеѓу фаворитите сезонава во ЛШ. Меѓутоа потсети и дека и Челзи минатата година не беше помеѓу фаворитите.
Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
„Резултатот е висок и тешко е да се изгуби вака дома. Но, во првото полувреме бевме компетативни, а потоа работите се променија. Голот за 2:0 не погоди. Тогаш во игра влегоа 18-годишници, тимот го покажа вистинското лице и се бореше. Тоа е што е и се надеваме дека ќе доведеме уште некое засилување во зимскиот преоден рок. Ова ќе биде комплицирана година. Баерн беше многу подобар. Не треба да заборавиме дека ги имаме Фати и Агуеро кои можат да не подигнат“.
„Барселона не е помеѓу фаворитите, но тоа ништо не значи. Некогаш бевме подобри, па не успеавме. Челзи минатата година го сметаше ли некој за фаворит? Баерн е со години заедно, има искуство…Нас ни заиграа четири-пет 18-годишници, тоа е нашата реалност. Не е алиби, ние сме Барселона ќе видиме што ќе биде на крајот од сезоната“, изјави Пике.