Дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали најверојатно ќе го напушти клубот на крајот на сезоната тврди „Газета дело Спорт“.
Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст
Наполи е во лоша финансиска ситуација поради пандемијата, а Кулибали има висока плата, па клубот одлучи да го стави на продажба.
Договорот на сенегалскиот дефанзивец истекува во 2023 година, па во Наполи веруваат дека на лето е вистинско време да заработат на неговото заминување.
Цената на 29-годишниот Кулибали моментално изнесува 50 милиони евра, иако пред само една година неколку европски гиганти за неговиот потпис нудеа 70 милиони евра.
Најсилен интерес за Кулибали покажуваат премиерлигашите, Ливерпул, Манчестер Јунајтед и Ливерпул.