Дома Трансфер зона Кулибали побара трансфер од Наполи

Кулибали побара трансфер од Наполи

Италијанските медиуми пренесуваат дека дефанзивецот на Наполи, Калиду Кулибали го известил раководството дека сака да направи трансфер ова лето.

Како ПАМЕТНО да типувате на World Cup 2026!


Сенегалскиот дефанзивец се очекува да го напушти „Сан Паоло“ ова лето, бидејќи има 29 години и сака да направи трансфер во клуб кој ќе се бори за најпрестижни трофеи.

За него интерес покажуваат многу европски гиганти, а медиумите тврдат дека во моментов Кулибали е најблиску до трансфер во Премиер лигата.

ПСЖ долго време водеше преговори за негов трансфер, но „светците“ сметаат дека сумата која ја бара Наполи е превисока за нив во моментов.

Манчестер Јунајтед и Ливерпул се клубовите кои се најблиску до неговиот потпис во моментов.

Коментари
Прочитајте поврзани статии
Load More In Трансфер зона

Проверете

Карвахал веќе пронајде нов клуб

Откако официјално го заврши својот престој во Реал Мадрид, Дани Карвахал би можел многу бр…